Цените на хрватски Јадран веќе „дивеат“, а летната сезона сѐ уште не е започната. Туристите ќе треба да се подготват повеќе да го испразнат паричникот годинава доколку одлучат на Јадранското крајбрежје.Во еден од баровите во Ровињ, капучиното веќе се наплатува 36 куни (4,8 евра), а еспресо со шлаг 54 куни (7,1 евро).
Сопственикот на тој бар за „24сата.хр“ даде изјава дека на домашните гости им нуди попуст од 50%.
Обично еспресо во истиот бар со поглед на море чини „само“ 19 куни (2,5 евра).
Што се однесува на јужниот дел од хрватското крајбрежје, цените се пониски – во зависност од локацијата и ексклузивноста на објектот.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.