СИ ДОАЃАТЕ ОД РАБОТА ЗАГРИЖЕНИ? – Тогаш, оваа приказна ќе го смени тоа. Мудроста останува засекогаш!

Ова е една од оние приказни кои ќе ви одземат неколу минути за читање, но мудроста останува засекогаш.Во една прилика ангажирав врвен столар за да ми помогне со реновирањето на старата полска куќичка и штотуку му заврши првиот тежок ден од таа работа.Притоа му пукна гумата, па изгуби еден час работа тука, потоа му откажа електричната пила, а сега стариот камионет одбива да се помрдне.
Тој беше тивок додека го возев дома. На одење ме повика да се запознаам со неговото семејство. Додека одевме кон вратата, накратко застана пред едно малечко стебло, допирајќи ги врвовите на гранките со неговите раце.
Пред да се отвори вратата од домот, тој неверојатно се трансформираше. Неговото загрижено лице блесна со насмевка, ги прегрна своите три мали деца и ја бакна сопругата. Потоа ме испрати до автомобилот.Поминавме покрај дрвото, а јас горев од љубопитност. Го прашав на што сведочев пред малку.„Ох, тоа е моето дрво на грижите“, ми одговори. „Знам дека не можам да ги избегнам проблемите на работа. Но, едно е сигурно, тие проблеми не припаѓаат дома – кај мојата сопруга и децата. Затоа, само ги закачувам на дрвото секоја вечер пред да влезам во домот. Наутро, кога ќе тргнам на работа, повторно ги земам со себе“.
На момент замолче, а потоа додаде: „Има една интересна работа. Кога наутро ќе дојдам за повторно да ги соберам проблемите, ги нема ни приближно онолку, колку што се сеќавам дека сум ги оставил претходната вечер“.
За читањето на оваа приказна ќе ви бидат потребни неколку минути, но мудроста останува ЗАСЕКОГАШ! ЛИНКВо една прилика ангажирав врвен столар за да ми помогне со реновирањето на старата полска куќичка и штотуку му заврши првиот тежок ден од таа работ

Пронајдете не на следниве мрежи: