Си-Ен-Ен Турк: Исчезнаа 42 воени хеликоптери

Најмалку 42 хеликоптери на турската војска исчезнаа пред или за време на неуспешниот обид за пуч во Турција, тврди новинар на турската телевизија Се-Ен-Ен Турк.Репортерот на телевизија Сердар Тунчер на својот Твитер профил напиша дека пописот на воената опрема, кој бил спроведен по неуспешниот државен удар, покажал дека недостасуваат 42 хеликоптери, што наведува на загриженост дека би можело да дојде до нов обид за соборување на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од власт.
– Изгледа дека пучистите ќе пробаат нешто ново. Можат ли да успеат? Не! Но дали ќе пробаат?, праша Тунчер.
При обидот за пуч во Турција во ноќта меѓу петокот и саботата загинаа најмалку 265 лица, додека 2.000 се повредени, од кои поголемиот број се цивили кои излегоа на улица по повикот на Ердоган со цел да го спречат државниот удар.Репортерот на телевизија Сердар Тунчер на својот Твитер профил напиша дека пописот на воената опрема, кој бил спроведен по неуспешниот државен удар

Пронајдете не на следниве мрежи: