Си ја издаде верата: Неговиот гест го освои цел свет, а вака му се одолжиле!

Харман Синг без размислување го одмотал турбанот и го замотал околу главата на дете кое било прегазено од автомобил.Кога го посетиле новинарите на локалната телевизија, виделе дека спие на душек и дека поседува само две пластични столици и една мала пластична маса.
22 годишниот Харман Синг, кој со ниговиот гест допре до целиот свет кога тој го одмотал неговиот турбан и го завиткал на главата на момче кое беше повредено во Нов Зеланд од автомобил, Синг освои наградата за овој хуман чин, локалната продавница донирала мебел за неговиот скромно опремен стан.
Синг кој живее во Оукланд, веднаш истрчал од куќата кога слушнал бучава и видел едно тешко повредено момче Дејзана Паију. Видел дека детето крвари и без двоумење, тој одвиткал турбанот, кој е важен религиозен симбол и никогаш не се соблекува на јавно место, а тој без размислување го обвиткал околу главата на момчето.

 

Кога новинарите од локалната телевизија го посетиле во неговиот стан, и виделе дека живее во многу скромни услови, дека спие на душек на подот и дека поседува само две пластични столици и една мала масичка. Новинарите веднаш стапиле во контакт со локалната продавница која му подарила нов мебел.
Младиот студент неможел да поверува кога го здогледал камионот и луѓето кои го носеле мебелот. Толку бил изненаден од овој гест, што едвај изговорил „Благодарам“, пред да се расплаче, кога си дошол при себе изјавил дека ова е најголемото изненадување во неговиот живот.
Четири дена по несреќата, Синг посетил детето во болница.
– Јас сум многу среќен што го гледам. Тој е храбаро момче.
Иако детето, сеуште шета со патерици, тој заздравува и неговата состојба е стабилна, а  неговата мајка е многу благодарна.
– Јас сум многу благодарна на него, бидејќи знам дека нивната вера забранува отстранување на турбанот во јавност. Да не беше за тој, мојот син веќе немаше да биде со нас – изјавила таа.Кога го посетиле новинарите на локалната телевизија, виделе дека спие на душек и дека поседува само две пластични столици и една мала пластична мас

Пронајдете не на следниве мрежи: