Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во рамките на својата посета на Лондон, Велика Британија заедно со партиската делегација која ја предводи, оствари средба со раководниот тим на КПМГ која е една од четирите најголеми консултантски и финансиски организации во светот кои вршат проценки, анализи на економските текови и издаваат извештаи кои подоцна се користат од голем број на големи компании и се раководат при носењето на одлуки за инвестирање.Членот на управниот одбор на КПМГ и потпретседател на организацијата, Дејвид Сиер, истакна дека Македонија со своите економски резултати и успешни економски политики отиде напред во многу сектори.
Јасно потенцира дека доказ за тоа е и последниот извештај на Дуинг бизнис кој преставува големо признание за земјата.
Тој посочи дека растот во рангирањето на Македонија е исклучително и сосема може да се очекува дека многу глобални претпријатија ќе ги искористат поволностите кои ги нуди државата и да инвестираат во иднина.
-Македонија е многу интересна приказна во поглед на начинот на кој што оствари исклучителен прогрес во создавањето на услови за правење на бизнис. Од 94-то место во извештајот на Дуинг Бизнис на Светската банка пред десетина години, сега е на 10-то место во Светот и тоа кога Велика Британија падна од 5-то на 6-тото место. Тоа е сериозно добра приказна во поглед на странските инвестиции. Како КПМГ работиме со многу странски компании кои инвестирале во Македонија и се радуваме да работиме со многу други и во иднина. Македонија е многу добра туристичка дестинација и е добра дестинација за инвестирање. И она што го постигнавте во сферата на производство на различни делови од автомобилската индустрија и во неколку други области е исклучително впечатливо. Тоа е приказна која ќе се надградува во следните години, изјави Дејвид Сиер.
Станува збор за финансиска организација која се занимава и со ревизија, осигурување, даноци, консалтинг, статистики, корпоративни, финансии и правни услуги. Компании, членки на КПМГ може да се најдат во 155 земји низ Светот, колективно тие вработуваат повеќе од 174.000 луѓе од целиот спектар на дисциплини.
Во последниот извештај за Македонија КПМГ ги истакнува даночните поволности кои стојат на располагање на компаниите, како и едуцираната и квалификувана работна сила. Тие нотираат дека Македонија е земја со најниски трошоци за правење бизнис во Европа, при што се воведоа најниски даноци, рамен и низок данок, персонален данок и данок на добивка. Дека се нудат исклучителни поволности во технолошко индустриските развојни зони, се инвестира во нови патишта, железница и дека таквите предности се препознаени од многу странски компании кои се одлучија да инвестираат и ја препорачуваат како наредна дестинација за инвестирање.Членот на управниот одбор на КПМГ и потпретседател на организацијата, Дејвид Сиер, истакна дека Македонија со своите економски резултати и ус