SIGNORI- Traveling Tailor

Грижата кон своите клиенти, соработници и потенцијални купувачи е нешто на кое секоја од компаниите треба да обрне внимание. Да се биде секогаш на располагање за вашите потреби, да се овозможи максимален позитивен пристап кон работењето е навистина луксуз во ова време.Основачите на SIGNORI, Крис Поповски и Ненад Пантовиќ добро познати како креатори на вистинскиот џентлмен, се најголемите виновници што и Македонија доби бренд кој во стилот на најпознатите светски дизајнери започна со Traveling Tailor услугите. SIGNORI е прв македонски бренд на кој треба да сме горди. Сопствениците успеаа да ни ги донесат светските правила на облекување. Секој џентлмен заслужува да поседува рачно изработено одело, сако или пак капут од високо квалитетни материјали, надополнети со модните детали кои ги нуди најценетиот бренд за мажи, SIGNORI.
Знаеме дека во денешно време повеќето водат брз и динамичен живот исполнет со многу обврски и неможат да се пофалат со своето слободно време. Сепак тоа не значи дека немате слбодно време за да изгледате како еден вистински господин. Ниту еден џентлмен не смее да си го дозволи тоа. Се што треба да направите е еден телефонски повик, а останатото препуштете го на еден тим од вистински професионалци.
Откако ќе го договорите времето кое вам најмногу ви одговара, тимот на SIGNORI преку Traveling Tailor услугите доаѓаат во посета на своите клиенти. Било тоа во вашата канцеларија, вашиот дом, или пак организирате средба во некој хотел. Со Traveling Tailor, SIGNORI на вистински начин ги запознава клиентите со своите материјали и дизајни кои може да ги одберете. Заедно со тимот на SIGNORI вие ќе можете да направите селекција на голем број од материјалите и голем број на персонализирани опции кои ќе резултираат во високо квалитетно одело.
Станува збор за една специјална и посебна грижа за своите корисници. Како што кажавме на почетокот, во стилот на најпознатите светски дизајнери, тимот на SIGNORI оди во посета на секоја компанија или група на луѓе која е заинтересирана за рачно изработено одело.
Многу е едноставно! Закажувате консултација кога вам најмногу ви одговара, SIGNORI доаѓа во ваша посета и ве запознава со материјалите и стиловите на одела кои ги изработуваат. Ги зимаат вашите мерки и го создаваат оделото кое што вие со нивни сугестии мислите дека е најдобро за вас. 
“Односот со нашите клиенти е секогаш многу важен за нас! Преку нашето претставување на Traveling Tailor услугите ние ќе се обидеме да ги подобриме нашите односи со клиентите на уште повисоко ниво” – изјавија Крис Поповски и Ненад Пантовиќ, основачите на SIGNORI.
Уште од самиот почеток на Signori како компанија постојано ги искористува можностите да се подобри во светот на кроењето и го споделуваат тоа на своите задоволни клиенти. Резултатот се изразува преку голем број на креативни кои може да се најдат кај нив.Основачите на SIGNORI, Крис Поповски и Ненад Пантовиќ добро познати како креатори на вистинскиот џентлмен, се најголемите виновници што и Маке

Пронајдете не на следниве мрежи: