Авокадото е една од оние специфични намирници кои или ги сакате или не. Но, кога е во прашање вашата коса, авокадото е намирница која ќе ја обожувате, бидејќи може да направи чуда за неа.Авокадото воедно е и една од најздравите намирници на светот, а исклучително е ефикасно и во регенерацијата на косата. Омега-3 масните киселини во него во најкраток рок ја хидратизираат вашата коса и ја прават дополнително сјајна.
По третманот со авокадо, вашата коса повеќе нема да биде сува и испукана, а со маската почестете се еднаш неделно. Ние ви предлагаме неколку варијанти, а вие самите одберете која ви се чини најпримамливо.
Авокадо и мед
Зрело авокадо пресечете го на пола, отстранете ја кората и извадете ја средината. Месастиот дел од авокадото исецкајте го на што поситни делови и добро изгмечете го. Потоа, во авокадото додадете 2-3 лажички мед и добро промешајте. Маската се нанесува на сува коса, а потао се остава да делува 40 минути. Косата може да ја прекриете со проѕирна фолија за уште подобар ефект, а потоа измијте ја како и обично.
Авокадо, јајце и маслиново масло
За оваа маска ви се потребни едно авокадо, едно јајце и 2 лажички ладно цедено маслиново масло. Излупете го авокадото, направете пире, а во него додадете ги јајцето и маслиновото масло. Маската се нанесува на мокра коса, а времето на делување е 20-30 минути. Потоа, измијте ја косата.
Авокадо, банана и јогурт
Помешајте пола банана, четвртина авокадо и лажица обичен јогурт, а смесата ставете ја на мокра коса 20 минути. Потоа измијте ја.Авокадото воедно е и една од најздравите намирници на светот, а исклучително е ефикасно и во регенерацијата на косата. Омега-3 масните киселини во