Концептот „фомо“ (fear of missing out), односно „страв од пропуштање нешто важно“, сѐ повеќе господари со животот на современиот човек, предизвикувајќи негово незадоволство.
Ниту врските не се исклучок и фомосексуалноста сѐ повеќе презема контрола.Што е „фомосексуалност“?
Ретко кој слушнал дека постои поимот фомосексуалност. Станува збор за афинитетите на двојките кои во сексот повеќе внимание посветуваат на работи кои никогаш не ги пробале, отколку да водат љубов на веќе проверен начин.
Постојат сѐ повеќе парови кои постојано пробуваат нешто ново во сексот, што воопшто не е чудно, судејќи по сѐ поголемиот обем на порнографијата.
Проблемот е што голем број од овие двојки постојано имаат чувство дека пропуштаат нешто, па се сѐ понезадоволни од квалитетот на својот сексуален живот.
Преку порнографските филмови, списанија, написи, дознаваме за поголем број на пози, сексуални помагала, играчки, лубриканти, што кај некои луѓе делува депресивно.
Експертите советуваат вниманието да се насочи кон веќе испробаните работи кои нѝ носат задоволство, но и дека најважно е да им се препуштите на страстите и на моментот без премногу да размислувате на друго.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.