СИГУРНО СИТЕ ГО КОРИСТИТЕ: Еве зошто е штетен сунѓерот за туширање!

Сунѓерот кој го користите за да се истриете, исчистите и да направите пилинг на кожата на своето тело е, всушност, совршен дом за бактерии.Сунѓерите за капење се хигиенски, меѓутоа, важен е начинот на кој се одржуваат, велат микробиолозите.
Сунѓерот ги симнува мртвите клетки од нашето тело и сето тоа се вовлекува во сите делови на сунѓерот. Кога веќе сте завршиле со триењето со сунѓерот, големи се шансите дека само ќе го оставите сунѓерот во бањата до наредното користење, а тоа е прилика овие бактерии да се размножат.
Бањата е топла и влажна, а без многу свеж воздух кој циркулира, а тоа е одлично место за размножување на бактериите, велат микробиолоите.
Секој пат кога сунѓерот ќе се намокри, а не се суши комплетно, бактериите се размножуваат.
На тој начин со наредното капење ние, всушност, ги разнесуваме бактериите по целото тело.
Сунѓерот ја разнесува вчерашната нечистотија по вашето тело денеска, велат дерматолозите.
Под адекватни услови оваа бактерија може да доведе и до стафилокока.
Доколку сакате да се бањате со сунѓер држете се до овие хигиенски правила и одржувајте ги:
– Оставете го сунѓерот да се исуши, отворете го прозорецот од бањата, а доколку немате прозорец, вклучете го вентиларот. Ако сакате да бидете сигурни, исперете го со сапун и со топла вода. Уште една опција е сушењето со фен и повторното ветреење на воздух.– Променете го ако ја промени бојата и мирисот. За жал, потребни се само 2-3 недели за да се развијат страшните бактерии на сунѓерот.
– Ставете го во микробранова печка на 20 секунди.
– Ставете го во избелувач со 5 отсто избелување.
Дерматолозите препорачуваат да не се користат сунѓерите за бањање. Миењето на кожата треба да биде нежно, а не да се трие кожата, велат тие.Сунѓерите за капење се хигиенски, меѓутоа, важен е начинот на кој се одржуваат, велат микробиолозите.
Сунѓерот ги симнува мртвите клетки од

Пронајдете не на следниве мрежи: