Сигурносна камера фати пијан маж кој со нож ѝ се заканува на сопругата!

Ова е застрашувачки момент, во кој ислашената жена морала да се бори со сопругот, кој ѝ се заканувал дека ќе ѝ го пресече гркланот.Откако нападот беше забележан на камерите, полицијата брзо успеа да го открие идентитетот на агресивниот маж.
Станува збор за алкохоличарот Глен Милс, кој ја нападнал сопругата Сузан, така што ја зграпчил околу вратот и ѝ се заканил дека ќе ѝ го пресече гркланот.
Тој најпрво почнал да ѝ се заканува и тргнал кон неа, додека исплашената жена врескала дека ќе повика полиција.
Сузан тргнала да бега преку градината, а нејзиниот сопруг отишол до кујната да земе кујнски нож.
Кога успеал да ја стигне, ја зграпчил околу вратот и викал: „Кога веќе сакаш да ме ставиш зад решетки, барем ќе одам во затвор за нешто поисплатливо“. Ова го соопшти за медиумите обвинителот Доминик Коноли.
Тој додаде дека таа некако успеала да се оттргне од рацете на сопругот и успеала да го фрли ножот преку оградата.
Веднаш потоа, Сузан отрчала до собата на нивната ќерка, успеала да ја земе со себе и заедно избегале во куќата кај соседот од каде што била повикана полицијата.
Полицијата пристигнала за неколку минути и го пронајде Милс како пијан седи во тоалетот.
Инаку, Милс од претходно ѝ е познат на полицијата. Во октомври 2012 година, тој ѝ ги скршил прстите на раката на сопругата, велејќи ѝ подоцна дека му е жал што не ја убил.
Судот во Кантербури го осуди Глен на три години и осум месеци затвор.
Откако нападот беше забележан на камерите, полицијата брзо успеа да го открие идентитетот на агресивниот маж.
Станува збор за алкохоличарот

Пронајдете не на следниве мрежи: