ВМРО ДПМНЕ и ДУИ го задржаа мнозинството во македонскиот парламент по вчерашниот изборен ден и ние како пријателска земја очекуваме набрзо да формираат стабилна владина коалиција. Ова денеска го порача министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, по денешниот работен појадок на Советот на ЕУ со македонскиот министер Никола Попоски, што тој и неговиот австриски и словенечки колега, Себастијан Курц и Карл Ерјавец го организираа во Брисел, јави дописникот на МИА.Честитајќи и на Македонија на успешниот изборен ден со организирање на фер и демократски избори, Сијарто посочи дека Македонија го положила тестот на демократија на кој била ставена од страна на Европската унија.
-Сакаме да им честитаме на нашите македонски пријатели, бидејќи изборите беа одржани на слободен и фер начин. Мислам дека нема никој што би можел да покрене билокаква загриженост за тоа. Ако се земат предвид критиките од Еворпската унија и другите западни сојузници против Македонија од претходно, последните очекувања беа дека треба да има слободни и фер избори, како крај на процесот што го гледавме изминатите месеци и години. Сега е тоа овозможено и одржани се слободни и фер избори, без жалби, за што честитаме – истакна Сијарто.
Првиот човек на унгарската дипломатија им ја честита победата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и порача дека се очекува оваа владина коалиција со истите партнери во овие две партии да продолжи да функционира и во следите четири години.
-Им честитаме и на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ, бидејќи сегашната владина коалиција го задржа мнозинството во парламентот и сега, она на што се надеваме како пријатели и соседи на Западниот Балкан, е дека ќе се формира стабилна коалиција, стабилна Влада со мнозинство во македонскиот парламент. Исто така, се надеваме дека земјата ќе се задржи на патот кон европската и евроатлантската инеграцијата, што беше апсолутно каментемелник на политиката на досегашната Влада, која сега победи на петтите парламентарни избори по ред- додаде Сијарто.Честитајќи и на Македонија на успешниот изборен ден со организирање на фер и демократски избори, Сијарто посочи дека Македонија го положила тестот