„ШИЛЕ“ ФУДБАЛСКИ ЏЕНТЛМЕН: Моја грешка, голманот не ме ни допре…

Во манирите на вистински фудбалски професионалец и џентлмен, напаѓачот на Турново, Дејан Блажевски на прес-конференцијата по мечот со Хајдук, жали за неговата реакција по одличната можност што ја имаше за постигнување на погодок, но наместо да шутира кон голот, тој се одлучи на непромислен потег, за што и самиот жали.
„Незнам што ми беше, едноставно голманот не ме ни допре, грешката е моја, како да се преплашив од приликата. Имаме добар резултат, во Скопје ќе биде неизвесно“ вели популарниот „Шиле“.
Инаку Дејан Блажевски имаше инзвонредна прилика за израмнување на резултатот на 1-1 во 15-тата минута од мечот, кога при една долга топка, напаѓачот на Турново излезе очи во очи со голманот на Хајдук, Калиниќ, го „дрибна“, но нашиот репрезентативец наместо да шутира кон празниот гол, тој се реши да симулира фаул, што мина забележително од страна на главниот судија на мечот, кој му додели жолт картон на Блажевски.
Извор: www.index.hrВо манирите на вистински фудбалски професионалец и џентлмен, напаѓачот на Турново, Дејан Блажевски на прес-конференциј

Пронајдете не на следниве мрежи: