Привремениот македонски репрезентативец, Дејан Блажевски, популарниот „Шиле“ во изјава за „Дневник“ вели дека Турново има шанси да продолжи понатаму во Лига Европа, а слабост на противникот Судува е токму одбраната.
„Имаме повеќе претстава за играта и потенцијалот на противникот. Воопшто не е наивен. Подобриот дел од тимот им е нападот, но имаат слабости во одбраната и тоа ќе се обидеме да го искористиме и во Скопје. Не треба да заборавиме дека Судува е во натпреварувачки ритам, бидејќи таму првенството е во тек и се одиграни 16 кола, што не е случај со нас кои сме во ек на подготовки“ беше дел од изјавата на Дејан Блажевски за „Дневник“.
Се чини дека од утрешните реванш-дуели од Лига Европа, токму Турновци имаат најголеми шанси да продолжат понатаму.
Пјуник – Тетекс / 17 часот (1-1)
Турново – Судува / 17-30 часот (2-2)
Карабах – Металург / 18 часот (1-0)
Извор/Фото: „Дневник“Привремениот македонски репрезентативец, Дејан Блажевски, популарниот „Шиле“ во изјава за „Дневник&l