Најдобриот фудбалер од домашниот шампионат, Дејан Блажевски, популарниот „Шиле“, за „Нова Македонија“ изјавува дека има понуди од Турција, Белгија и Швајцарија, но доколку трансферот во странство не се реализира, ќе остане во Хоризонт Турново, бидејќи луѓето од овој тим биле максимално фер и коректни кон него.„Планирам да одам во странство веќе летово, имам понуди од Турција, Белгија и Швајцарија, првенства во кои се игра отворен фудбал, што ми одговара. Ќе останам во Турново ако не успее трансферот надвор, бидејќи луѓето од клубот беа навистина фер и коректни кон мене“ изјави Дејан Блажевски за „НоваМакедонија“.
Популарниот Шиле сосема професионално, вели дека споредбата со Меси е недостижна, дека тоа звучи сосема потценувачки кон останатите фудбалери. Игор Тудор, тренерот на Хајдук, изјави дека Хајдук нема играч како Дејан Блажевски, а медиумите во хрватска направија споредба на Блажевски со Лионел Меси.
„Пофалбите годат, особено кога доаѓаат од Тудор, кој имаше одлична кариера и настапуваше за голем клуб како Јувентус. Но, од друга страна, тие наметнуваат и притисок да играм уште подобро. Истото важи и за споредбата со Лионел Меси, бидејќи јас не сум доминантен како него и сметам дека таа звучи потценувачки кон другите фудбалери“ вели Блажевски за „НоваМакедонија“.
Екипата на Турново оствари фантастичен резултат во Лига Европа, каде во првото коло ја мина литванска Судува, додека пак во второто коло беше премногу блиску до остварување на уште поголем историски пласман, но нереализираните шанси едноставно допринесоа да се застане до таа рунда. Токму Шиле беше еден од најзаслужните за овој историски пласман на Турново во Европа, каде неговите три погодоци и две асистенции беа и повеќе од допринос за екипата на Хоризонт Турново.
Фото/Изјава: „НоваМакедонија“
Целото интервју на „НоваМакедонија“ со Дејан Блажевски можете да го прочитате ТУКА.„Планирам да одам во странство веќе летово, имам понуди од Турција, Белгија и Швајцарија, првенства во кои се иг