Силеџија: Ја тепал жената пред децата

Ме удираше каде ќе стигнеше додека моите деца го гледаат сетото, врескаа и плачеа. Нивните крикови ми декнуваат во секоја ноќ кога ќе легнам да спијам.Вака Ивана Петровиќ (38) ја започнува својата приказна која на 12 ноември, околу 7:30 наутро сред улица била претепана од разбеснат возач. Откако ја изудирал беспомошната жена пред очите на три мали деца, овој хулиган стар околу 25 години добил само прекршочна пријава.
„Го носев петгодишниот син во градинка и двата постари сина на училиште. Момчето во автомобилот пред нас застана и не поаѓаше. Свирнав два три пати. Еднаш ми го покажа средниот прст, но и понатаму не се помрднуваше“, се присетува Ивана.
Позади нив се направила голема колона. Помислила дека му се слошило на возачот напред, па излегла да провери.
„Тропнав на прозорот да видам дали е добро. Тој го откопча појасот, а потоа следеше удар кај слепоочницата. Ми се замати видот, не знаев што се случува. Ме удираше каде ќе стигне. Ми течеше крв од увото, ми скрши заб, а главата страшно ме болеше“, раскажува Ивана.
Малите деца врескале и плачеле во колата.
„Никој не се сети да излезе да ми помогне. Успев да дојдам до својот автомобил и да го земам телефонот, но тој го скрши викајќи ми: “Нема ти никого да бараш“.
Постариот син има мобилен телефон и испаничено го побара татко му и повторуваше: „Тато овој ја уби мама“. Кога видел дека жената лежи на тротоар, напаѓачот се вратил во автообилот.
„И јас се вратив во автомобилот и ја известив полицијата. Ми се чинеше дека попрво ќе ја дочекам смртта отколку полициската патрола“, огорчено расажува Ивана.
Полицијата само ја легиотимирала Ивана без намера да ја сослуша, а напаѓачот го пуштиле да си оди.Вака Ивана Петровиќ (38) ја започнува својата приказна која на 12 ноември, околу 7:30 наутро сред улица била претепана од разбеснат возач. Откако ј

Пронајдете не на следниве мрежи: