Покрај поскапувањата кои ги најави централната власт, поскапувања кои ќе удрат директно по џебот на граѓаните почна да најавува и локалната власт предводена од кадрите на СДСМ. Место ветените повисоки плати, а сега тие паѓаат откако актуелната власт ја презема контролата, повисоките пензиите, а нивното зголемување беше стопирано, граѓаните добија директен удар по нивниот џеб. Централната власт најави зголемување на акцизата за дизелот, додека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави зголемување на цените за паркинг.Иако како едно од главните ветувања на кандидатите за градоначалници на СДСМ во пред изборите беше чистиот воздух, без никакви мерки како до тоа би дошло. Ова беше потврдено во периодот кога загадувањето е најголемо, а градските власти кажаа дека се без прецизни планови за справување со проблемот. Тие во писмено соопштение наведоа дека сите активности се во фаза на предвидување и планирање.
-Планот предвидува краткорочни и среднорочни мерки во однос на загадувањето. Планираме уште зимава да воведеме забрани за градежни активности во најзагадените делови на градот. Предвидуваме и нови политики во јавниот превоз и промоцијата на велосипедизмот, пишаа од градот Скопје.
Шилегов и денеска потврди дека немаат целосен план за борбата против загадувањето, а кажа дека планот ќе бил објавен на 15-ти ноември. Очигледната безидејност како да се справи со овој проблем, според Шилегов може да се реши со директен удар по џебот на граѓаните, тој најави поскапување на паркингот на град Скопје, како една од мерките за загадувањето во градот Скопје.
-Една од мерките што ја замисливме е скалесто покачување на паркирањето во центарот за оваа зима и намалување на јавниот билет, додека не дојдеме до состојба на бесплатен јавен превоз, изјави Шилегов.
Иако СДСМ ветуваше повеќе пари во џебовите на граѓаните, очигледно дека ова ветување го заборавија, со две мерки во краток период директно удираат по џебот на граѓаните, велат експертите. Прво се најави дека од стартот на 2018 година ќе се покачи акцизата на дериватите за 3 денари, што значи дека со се данокот, граѓаните ќе плаќаат 3,54 денари повеќе за еден литар дизел, а сега градоначалникот најави и поскапување на паркинг услугата во главниот град. Според нив ова претставува директен удар на оние кои автомобилот им е неопходен, на кои автомобилот им е работа, а индиректно и по сите граѓани, поради поскапувањата кои следуваат после мерките кои СДСМ ги најави откако поминаа изборите.Иако како едно од главните ветувања на кандидатите за градоначалници на СДСМ во пред изборите беше чистиот воздух, без никакви мерки како до тоа би