Шилегов: Нема услови за избори- Јанева нема кафекуварка

Поради кафекуварката и дактилографката на Јанева Шилегов смета дека нема услови да се организираат фер избори. Според него, токму овие работни места се не и дозволуваат на Катица Јанева со полн капацитет да ја врши својата работа.„Поради овој проблем не може да се каже дека СЈО со полн капацитет ги извршува своите функции. Таму колку што јас знам нема кафекуварка, дактилографка, чистач, обвинителите сами ги вршат сите работи, па проценете сами дали тоа значи дека работат како што треба – рече Шилегов.
Тој велидека и во ДИК немало услови да се спроведат фер избори затоа што немало доволно компјутери
„ Нам не ни треба Анкетна комисија за да кажеме дека има или Државна изборна комисија за да кажеме дека има, или Пржински договор за да кажеме дека бил постигнат. Императивот на СДСМ не е да има избори за да има избори, туку императивот е да има беспрекорно огранизиран и фер избирачки процес. На нас ни треба суштина, не само форма. Нема да дозволиме понатамошна кражба на избори. На Република Македонија, а не на СДСМ и требаат кристално чисти избори. Нема да дозволиме понатамошна кражба на изборите“ – рече Шилегов.
Тој додаде дека целта на СДСМ не била да се одложат изборите но сакал да укаже дека неговата партија немало да дозволи тие да бидат украдени.„Поради овој проблем не може да се каже дека СЈО со полн капацитет ги извршува своите функции. Таму колку што јас знам нема кафекуварка, дакт

Пронајдете не на следниве мрежи: