Петре Шилегов, познат по своите „излети“ како пратеник, и денеска не додржа иако со месеци не работеше ништо.Откако во своето обраќање од говорницата Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ потсети на навредите кон Македонците од егејскиот дел на Македонија во контекст на актуелните протести против тиранската платформа, како и за страдањата на овие Македонци, Шилегов од место прво го истакна своето егејско потекло, за набрзо потоа да излезе „од контрола“.
Шилегов отворено се закани до Илија Димовски за што реагираше и Трајко Вељаноски како претседавачот со седницата. Собраниските служби го симнаа тонот од неговиот микрофон, токму во моментот Шилегов се заканува.
-А бе он ќе ми вреѓа дедо бе, ќе го уб…!
Следеше опомена од Вељаноски
-Колеги немојте со такви зборови! Ако треба да дадам пауза да се смирите, во ред.
Многу скоро потоа, пратениците заминаа на пауза.
Откако во своето обраќање од говорницата Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ потсети на навредите кон Македонците од егејскиот дел на Македонија во контек