Следејќи ги социјалните мрежи после изборот на кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ огромен број на членови повикуваат на бојкот на престојните претседателски избори.
Незадоволството на членството од изборот на Гордана Силјановска веќе е се појасно изразен. Најголемите активисти и поддржувачи на партијата на социјалните мрежи веќе отворено повикуваат на бојкотирање на претседателските избори се до овој момент.
Во нивните текстови се вели дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов нема кандидат за претсесдател на Република Македонија, а кандидатот Гордана Силјановска е само кандидат на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Членовите пишуваат исто така дека во ова раководство повеќе неможе да се препознае идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ и дека партијата почнува да губи компас.
Исто така во статусите се вели дека активистите и членството доволно траеле и орале на туѓи ниви, доста праеле кариери на непознати личности и овој пат ќе ја казнат партијата, односно ќе го казнат раководството.
Бојкотот на членовите отвора неколку важни прашања:
1. Дали Мицкоски намерно избра кандидат за претседател бивш министер на СДСМ од времето на мрачната транзиција?
2. Дали Мицкоски не го есапи членството на ВМРО-ДПМНЕ?
3. Дали Мицкоски сака индиректно да го поддржи Талат Џафери после немањето на цензус поради неговиот не соодветен кандидат?