Силјановска: Унитарниот карактер не случајно е гарантиран во Рамковниот договор

Унитарниот карактер не случајно е гарантиран во Рамковниот договор. Секое барање е легитимно, меѓутоа треба да се гледа низ призма на последиците, изјави професорката Гордана Силјановска во ОКО на ТВ НОВА како коментар на идеите предложени од лидерот на СДСМ за двојазичност и федерализација на Република Македонија.„Македонија е како еден антички полис. Кога зборуваме за федерализација не смееме да заборавиме дека излеговме од една етничка федерација – Југославија и тоа на еден непристоен начин. Тука треба да се додаде дека се распадна СССР, а се распадна и Чехословачка. Треба да знаеме што значи тоа да се има двојна структура, а да не го заборавиме и фактот дека на  овие простори не може да се дојде до такви решенија по мирен пар. Дири за мултикултурните општества се вели дека се во длабока криза. Балканот секогаш бил погоден за експерименти“, изјави Силјановска.
Силјановска додава дека не можете да бидете правна држава, а да се повикувате на политички договори, смета универзитетската професорка Гордана Силјановска.
Таа во ОКО на ТВ НОВА зборуваше за Рамковниот договор и изјави дека се случи конституционализација на одредбите од анексот А, како и озаконување или легализација на одредбите од Рамковниот договор од анексот Б.
„Не можете да бидете правна држава, а да се повикувате на договори. Онаму каде што има договори, без разлика дали е тоа Рамковен, Мајски, Пржински секаде има простор за дискреционо и персонализирано овластување. Ако сакаме да бидеме пристојна европска држава мораме да ставиме акцент на институциите, уставниот и законскиот патриотизам и процедурата. Не може да има еден формален устав и паралелен устав – Рамковниот договор. Рамковниот е во суштина мировен договор, доби важно место во градењето на моделот во политичкиот систем во Македонија“, појасни Силјановска.„Македонија е како еден антички полис. Кога зборуваме за федерализација не смееме да заборавиме дека излеговме од една етничка федерација &nd

Пронајдете не на следниве мрежи: