Силна експлозија одекна во северниот дел на Косовска Митровица

Силна експлозија одекна рано наутро во петок во северниот дел на Косовска Митровица, при што бил оштетен еден автомобил, сопственост на Србин.Експлозивната направа најверојатно била поставена под автомобилот кој бил паркиран во една уличка во центарот на градот, а од силината на експлозијата оштетен е и излогот на локалот пред кој бил паркиран автомобилот, јавува Б92.На местото на експлозијата веднаш излегле екипи на косовската полиција и КФОР. Ова не е прв напад на сопственикот на возилото. Неодамна непознат напаѓач стрелајќи од автоматско оружје го изрешета неговиот дуќан.Во последните неколку дена ова е трет бомбашки напад во северниот дел на Косовска Митровица. Претходно беше фрлена бомба во населбата Три солитери што предизвика материјална штета, а во бомбашки напад пред неколку дена беа повредени две деца.
МакфаксСилна експлозија одекна рано наутро во петок во северниот дел на Косовска Митровица, при што бил оштетен еден автомобил, сопственост на Србин

Пронајдете не на следниве мрежи: