Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во ТВ Нова кажа дека владејачката партија останува на својата позиција, односно ВМРО-ДПМНЕ е за да се задржи уставниот поредок и унитарноста на Република Македонија.
– На Македонија не и требаат процеси на интеграција туку зачувување на унитарноста, економска стабилност, стабилизација и економски развој. Тоа е концепцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега и оние кои не се наклонети кон ВМРО-ДПМНЕ ја сфаќаат формата, а тоа е дека силно ВМРО-ДПМНЕ значи силна Македонија. Поголема поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, повеќе пратеници, посилни преговарачки позиции за ВМРО-ДПМНЕ значат посилни позиции за Република Македонија, тоа значи поддршка на концептот за унитарност на Република Македонија и уставниот поредок и во било кои идни избори, изборни соочувања, без разлика дали се локални, парламентарни или било какви други, таа равенка е константна, вели Ѓорчев.
Целото гостување погледнете го во видеото во продолжение– На Македонија не и требаат процеси на интеграција туку зачувување на унитарноста, економска стабилност, стабилизација и економски развој. Т