Силувач тужи затвор поради одземање порнографски материјали

Јужнокореец кој ја отслужува затворската казна за силување поднел тужба против затворската управа откако му одземале збирка порнографски фотографии. Осуденикот кој е на 46-годишна возраст бара да му бидат вратени 200 фотографии кои му биле конфискувани при неговото преместување во затворот во Гванџу, во југозападниот дел од Јужна Кореја, кон крајот на 2012 година, истакнал портпаролот на затворот. Како што објаснил, затворениците може да чуваат порнографски материјал, меѓутоа запленетите фотографии биле „над дозволеното“. „Да му се дозволи да ги задржи е спротивно на затворските цели за рехабилитација имајќи го предвид нивното количество и степенот на развратноста “, нагласил затворскиот портпарол. Сослушувањето по тужбата на затвореникот е закажано за март.
 
МакфаксЈужнокореец кој ја отслужува затворската казна за силување поднел тужба против затворската управа откако му одземале з

Пронајдете не на следниве мрежи: