Полицијата во Крагујевац го уапсила 52-годишниот Дејан М. поради сомневање дека ограбил брачен пар, а потоа ја силувал старицата пред нејзиниот неподвижен маж, пишува српски „Ало“.Според информациите на весникот по разбојништвото и грозниот чин, Дејан од куќата си заминал со околу 2.000 денари.
Брачниот пар Р.Б. (77) и М.Б. (81) бил сам во четвртокот вечерта кога Дејан ја разбил влезната врата и влегол во куќата. Она што е интересно, како што пишува „Ало“, е фактот дека Дејан не бил вооружен бидејќи знаел дека тие двајца живеат сами.
Кога им побарал пари, добил само 1.000 динари, но се изнервирал бидејќи не бил задоволен од износот па почнал да претура по нивните работи.
-Бесен поради малиот износ, приведениот ја фатил старицата Р.Б. за рака, ја фрлил на креветот и и ја искинал облеката. Потоа ги соблекол панталоните и пред нејзиниот неподвижен маж, ја силувал жената која викала за помош. Кога го задоволил својот болен нагон, Дејан со парите побегнал од куќата, по што за помалку од 24 часа бил уапсен, вели за весникот извор од истрагата.
Лекарите ја прегледале старицата и утврдиле дека има повреди на гениталиите настанати од силување. Старицата изјавила дека потешко и било што целиот хорор морал да го гледа нејзиниот болен сопруг. На Дејан му е одреден 30 дневен притвор.
Извор:kurir.mkСпоред информациите на весникот по разбојништвото и грозниот чин, Дејан од куќата си заминал со околу 2.000 денари.
Брачниот пар Р.Б. (77)