Компанијата Apple интензивно работи на картичка која во потполност ќе ги замени СИМ картичките. Со претставувањето на најновите таблети iPad Air 2 и iPad mini 3, овој гигант од Купертино е чекор поблиску до остварување на своите цели.СИМ картичките кои мобилните телефони ги користат уште од појавата на првите модели, наскоро би можело да станат дел од минатото. Сега со новите таблети iPad Air 2 и iPad mini 3, Apple по прв пат започна да користи и нов вид на СИМ картички.
Се работи за картичка именувана како „Apple SIM“, која е вградена во уредот и која може да се репрограмира ако корисникот се одлучи за промена на операторот. „Apple SIM“ сѐ уште може да се извади, а засега, споменатите таблети кои можат да се купат од операторите ќе ја користат стандардната СИМ картичка. Меѓутоа, за година или две, веројатно никогаш повеќе нема да ја гледаме стандардната СИМ картичка, барем не кога се работи за производите на Apple.
Всушност, Apple во овој сегмент од пазарот покажува неверојатна моќ над операторите. За сега „Apple SIM“ поддржува многу мал број на оператори, главно оние најголемите како што се AT&T, T-Mobile и Sprint. Сега уште останува да видиме дали Apple во следниот период ќе успее со оваа „Apple SIM“ картичка, но идејата како таква звучи навистина примамливо.СИМ картичките кои мобилните телефони ги користат уште од појавата на првите модели, наскоро би можело да станат дел од минатото. Сега со новите та