Симболиката на „Големиот брат“ во однос на масовната контрола на човештвото од страна на Илуминатите

Терминот „Големиот Брат'', кој се користи во истоимениот реален серијал, „Големиот брат'', е произлезен од романот „1984.'', на Џорџ Орвел, објавен во 1949 година. Овој футуристички роман е, во принцип, политичка сатира, која говори за тоталитарна држава на чело со монарх наречен, „Големиот брат''. Значењето на романот е дека владата го држи светот постојано под будно око, контролирајќи го неговото однесување и одземајќи му го правото на приватност. „Големиот брат'' е симбол на семоќниот владетел кој го следи секој во секое доба преку телеекрани поставени во секое место, па дури и во тоалетите.
Овој, шест децении стар роман предупредува на тоа како ќе изгледа светот во иднина. Џорџ Орвел, кој испраќа важна порака со овие текстови имал увид во плановите на Илуминатите, со оглед на тоа дека неговиот татко бил масон на Шкотски Ритуал.
Ве потсетуваме на основното лого на „Големиот Брат'' и она што симболично значи за Илуминатите и банкарските семејства кои ја контролираат планетата. Окото е многу импресивно инфилтрирано во целото реално шоу. За илуминатите тоа го претставува она што е ''севидно“, Хорусово, Луциферово око, кое никогаш не спие и внимателно следи сè и секого во секое време.
Реалното шоу „Големиот брат'' ја претставува планетата Земја како ''мала верзија'' која е контролирана од страна на Големиот Брат. Терминот се користи од страна на Илуминатите, кои се нарекуваат браќа едни со други. Големиот брат би бил најголем меѓу Илуминатите, со најзначајна титула – Пиндар. Севидното око – во романот „1984'', е институција која монитори во секоја состојба и е врвот на Илуминатите.
Илуминатите нас не контролираат, бдеат во секое време, а интернетот, социјалните мрежи и медиумите им овозможуваат брза и достапна контрола на нашите умови.
Како што Големиот брат во куќата го контролира умот на секој од станарите, на ист начин и Илуминатите го контролираат умот на жителите на оваа планета. Потсетете се на манипулативните техники со кои Големиот брат прави чудни пресврти во куќата, како во еден момент завладува над станарите, а во следниот ги ускладува. Сè што планира, реализира без поголеми тешкотии. Големиот брат „фрла'' коска каде што е потребно, а тоа ни е јасно на сите.
Ние би можеле да го дефинираме Големиот брат како мини модел на планетата, каде што има целосна контрола на човековото однесување во потребната насока. Во секој случај, оние кои го гледаат сето тоа – ние гледачите, можеме да донесеме многу заклучоци за станарите. Ни изгледаат како некои заморчиња на кои им се манипулира мозокот, ако воопшто го имаат. Се на се, ни изгледаат глупави, изгубени и исплашени затоа што не знаат на кој да му веруваат освен на Големиот брат, што е многу иронично … Исто така и ние, луѓето на Земјата, им изгледаме на оние кои нè држат под контрола.
Како што на станарите им се „ фрла'' коска каде што им е потребно, така и на нас, жителите на планетата, ни „фрлаат мисловни форми''. Преку интернетот и медиумите добиваме милиони мали пораки за кои не сме ни свесни дека ќе не доведат до степен да направиме некои работи и да ги усвоиме конкретните програми. Повеќето од овие мисловни форми носат со нив, огромен страв, бидејќи крајната цел е да се исплашиме, да ослабеме и излудиме, за да можат полесно да владеат со нас …
 Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Терминот „Големиот Брат'', кој се користи во истоимениот реален серијал, „Големиот брат'', е произлезен од

Пронајдете не на следниве мрежи: