„Симболите на Македонија“-идентитетот на македонскиот народ и семејните вредности

Капитална публикација насловена „Симболите на Македонија“ од авторот Јован Јоновски, прва книга од ваков вид, која ги открива хералдичките обележја кои го дефинираат идентитетот на македонскиот народ, неговиот легимитет со препознатливи вредности и особености во семејството на европските нации, е промовирана денеска во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.Станува збор за една исклучително значајна, раритетна публикација која е дел од богатата Годишна програма на Министерството за култура и која се занимава со хералдиката не како помошна историска дисциплина, туку како самостојна мултидисциплинарна наука.
– Преку овој вреден авторски труд сите ние се навраќаме на богатото минато на македонскиот народ и го потврдуваме историскиот континуитет на употребата на нашето древно име, Македонија. Ова е дело чија вредност ќе се зголемува со секоја нова генерација, дело кое илустрирајќи ја вистината за македонската држава, ќе ја едуцира младата македонска популација за нејзините корени, за историските традиции, за минатото кое е сигурен патоказ кон иднината, рече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето на промоцијата.
Публикацијата „Симболите на Македонија“ на авторот Јован Јоновски, докторант на Институтот за Национална историја по хералдика и вексилологија, посочи министерката, е темелник на современото истражување и проучување на националните обележја на нашата држава и на македонскиот народ низ историјата. Нагласи дека во ова значајно издание, на речиси 400 страници, со интересен и разбирлив јазик и со повеќе од 600 впечатливи илустрации, се презентирани различните историски периоди, кои имале влијание врз развојот на нашата држава.
– Со еден сериозен, сеопфатен и строго научен пристап кон националните симболи кои ги вклучуваат државното знаме, државниот грб, државната химна и националните етнички обележја кои вековно го претставувале и симболизирале македонскиот народ, Јоновски ги разработува речиси сите аспекти од развојот и примената на симболите на Македонија со што на успешен начин го пополнува вакуумот на дела од оваа мошне сериозна област. Во овој контекст, Јоновски особено се осврнува на симболите присутни од антиката, како историските грбови поврзани со Македонија преку припишаните грбови на Александар Македонски и „кралот на Македонија“, истакна Канческа Милевска.
Според неа, најхрабрите ставови на Јоновски се однесуваат токму на „земскиот“ грб, каде авторот дава нови аргументи и сосема ново светло на илирската хералдика и досегашните теории за старите грбовници меѓу кои се наоѓа и грбот на земјата Македонија.
Дадениот преглед на разните обредни и воени знамиња, одликувања, како и химната на Република Македонија, потенцира Канческа Милевска, ја покажува проникливоста и умешноста на авторот да се презентира колективното симболично живеење на овие простори од дамнина, се до модерниот период кој е клучен за градењето на националниот идентитет во кој симболите играат значајна улога.
– Монографијата „Симболите на Македонија“ е уште едно документирано сведоштво за македонската историја и многуслојните вредности кои таа ги поседува, монографијата е трајна придобивка која нашата генерација ќе ја остави за идните поколенија, додаде Канческа Милевска.
Промоторот Раде Силјан рече дека народите се препознаваат по симболите, по обичаите и традиционалните обележја, негувани и одржувани од многу поколенија. Преку проткајувањето на историското наследство и творечките остварувања на современиците, посочи, се гради култот на една автохтона нација.
– Развојните духовни процеси на македонскиот народ ги бележиме во континуитет во изминатите бурни столетија. Токму затоа познавањето на симболите е од особено значење за нашиот народ. Македонија има големо историско и културно наследство и богатство со специфични и препознатливи симболи. За оваа наша констатација најилустративно говори делото „Симболите на Македонија“ од Јован Јоновски кое според моето убедување е настолна книга долго очекувана во нашата наука, рече Силјан.
Тоа, нагласи, е можеби никулец за целосно современо истражување и проучување на македонските симболи како низ историјата, така и денес зашто во него се разработени значајни аспекти од развојот и примената на симболите во Македонија.
Според него, со книгата „Симболите на Македонија“ Јоновски прави сериозен исчекор во истражувањето на историскиот развој на грбовите на Македонија и на најдостоен начин го продолжува пионерскиот зафат на академик Александар Матковски остварен во втората половина на минатиот век.
– Делото е напишано со научно-популарен стил и е поткрепено со илустративен материјал што го прави податливо и исклучително интересно четиво. Во него се наоѓаат многу одговори во врска со симболите на Македонија и претставува основа за нови натамошни научни истражувања, додаде Силјан.
Авторот Јоновски се осврна на содржината на публикацијата која, како што рече, е поделена во девет глави. Во првата глава насловена „Симболи и системи на симболи“, посочи, е поставена основата со објаснувањето на значењето на поимот симбол и принципите на толкување на неговото значење.
Нагласи дека во главата „Древните симболи на Македонија“ се претставени најстарите симболи кои се употребуваат во Македонија, но кои се пренесени до нас и ги наоѓаме во археолошките наоди на накит, садови и на нумизматички материјал.
– Третата, а воедно и најголема глава, насловена „Хералдика“ ги дава основните поими на хералдиката и нејзиниот историски развој. Во четвртата глава „Грбовите на Македонија“ посебен осврт ќе се даде на историските грбови поврзани со Македонија. Петтата глава „Територијална хералдика“ е посветена на месната хералдика-хералдиката на единиците на локалната самоуправа со многу илустрации од постојните грбови, како и за македонскиот месно-хералдички систем, според кој се дизајнираат општинските грбови, додаде Јоновски.Станува збор за една исклучително значајна, раритетна публикација која е дел од богатата Годишна програма на Министерството за култура и која се за

Пронајдете не на следниве мрежи: