Како можело да се случи во Македонија да има граѓани кои што се родени во земјаа, учеле училиште во неа а не го познаваат македонскиот јазик кој што е службен за сите граѓани?Ова прашање на дебата за употребата на албанскиот јазик на Алсат – М вчера го постави професорката Симона Груевска -Маџовска од Институтот за македонски јазик.
Нејзините соговорници немаа одговор на нејзиното прашање. Во емисијата гости беа вицепремиерот Бујар Османи и пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски.
Според Груевска – Маџовска, европската регулатива на која владата се повикува при воведување на новиот Закон за јазици предвидува секој млад човек да го знае службениот јазик на државата во која живее. Нешто што не е случај во Македонија.
„Како е дозволено млади луѓе што се родени, учеле и живеат тука да не го знаат службениот јазик на државата“, прашува професорката која што заедно со своите колеги од Институтот за македонски јазик не се согласува со законските решенија со кои албанскиот јазик ќе стане службен на цела територија на земјата.
За неа е богатство што некои млади луѓе во Македонија говорат и по четири јазици меѓу кои и албанскиот но не е логично млади Албанци и припадници на други заедници да не го познаваат службениот македонски јазик.
Професорката вели дека е неприродно младите луѓе од различни заедници да мораат меѓусебе да комуницираат на англиски јазик затоа што нема еден службен јазик за комуникација.
На дебатата по оваа нејзина забелешка Груевска – Маџовска беше нападната дека навлегува во политичка дебата на што таа одговори дека се работи пред се за комуникациски проблем.Ова прашање на дебата за употребата на албанскиот јазик на Алсат – М вчера го постави професорката Симона Груевска -Маџовска о