Симптоми и знаци на рак на дојка

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски. Пациентката, обично при самопреглед, или случајно приметува безболна тврдина во пределот на дојката. Покасно симптомите и знаците на болеста зависат од локалниот раст на туморот, од неговото ширење во локалните структури и ткива, како и од локализацијата на дистантните метастази.Затоа разликуваме:
– локални симптоми,
– регионални симптоми,
– системски симптоми.
Локални симптоми – се манифестираат поради присуство на тумор во дојката и тоа:
– палпабилна безболна тврдина (јазол),
– болно осетлива тврдина,
– вовлекување на кожата над туморот,
– вовлекувањена брадавката,
– црвенило на кожата,
– раничка (ерозија) на брадавката,
– секреција од брадавката (која може да биде: серозна, гнојна, млечна и крвава),
– фиксираност на дојката за подлогата, за градниот (пекторален) мускул,
– деформација на дојката.

Регионални симптоми – се должат на ширење на карциномот во регионалните лимфни јазли. Најчесто со метастази се зафатени лимфните јазли во пазувата и при тоа може да се јави:
– безболен тумефакт во пазувата,
– болно осетлив тумефакт во пазувата,
– болна осетливост, отрпнатост или оток на раката поради тумор во пазувата.
Системски симптоми – се манифестираат поради присуство на далечни метастази во телото, и зависат од нивната локализација.
Во системски симптоми се вбројуваат: општа сабост и малаксалост, гадење, повраќање, невролошки испади, болки во коските, отежнато дишење, гушење, појава на жолтица, отоци и друго.Затоа разликуваме:
– локални симптоми,
– регионални симптоми,
– системски симптоми.
Локалн

Пронајдете не на следниве мрежи: