Бубрежните каменчиња се едни од најчестите причини за бубрежно заболување. Тие се создаваат како резултат на генетска предиспозиција, но често се поврзани и со присуство на хронична инфекција на уринарните патишта, како и нарушувања во метаболизмот на калциумот, фосфорот и уреатите. Многу често бубрежни каменчиња имаат луѓето со генетска предиспозиција, кои во семејството имаат членови кои заболеле од оваа болест, но воедно како важни ризик фактори се сметаат намалениот внес на течности, пред сè водата, како и дебелината, намалената физичка активност, исхраната богата со сол и белковини. Најчесто камењата во бубрезите во почетната фаза не покажуваат никакви симптоми. Меѓутоа, и лесното поместување на бубрежните каменчиња може да предизвика страшни болки кои многу често се споредуваат со болките кои жената ги има за време на породувањето.
Јаки болки во грбот и долниот дел на стомакот
Болката почнува ненадејно, кога бубрежното каменче ќе се помести во уринарниот тракт. Нападот на болка може да трае долго или да се појавува повремено.
Болки во карлицата проследени со умор
Личноста може да чувствува грозница или екстремен студ.
Недостиг на енергија
Може да се појави драстично намалување на енергијата, до таа мера што личноста не е во можност да се движи.
Крв во урината
Јака портокалова боја на урината, траги на крв и острата болка во пределот каде што се сместени бубрезите можат да бидат симптоми за постоење на бубрежни каменчиња.
Непријатен мирис на урината
Непријатен мирис на урината дополнително помешан со траги на крв се дефинитивни симптоми за појава на бубрежни каменчиња.
Повраќање
Појавата на бубрежни каменчиња може да биде проследена со јаки мачнини и повраќања.
Чешање за време на мокрењето
Честата потреба за мокрење, која може да биде проследена со чешање е еден од главните симптоми за постоење на бубрежни каменчиња.
За 6 дена исчистете ги бубрезите: Ослободете се од каменот и песокот по природен пат – Дознајте како на следниот ЛИНК
Многу често бубрежни каменчиња имаат луѓето со генетска предиспозиција, кои во семејството имаат членови кои заболеле од оваа болест, но воедно как