Иваница повторно е завиена во црно. Во населбата Кушичан се слушаа само плачење и врескање од дворот на семејството Савиќ, кое завчера во тешка сообраќајна несреќа го изгуби својот син единец, дваесетгодишниот Властимир. Тој седел на задното седиште во „Рено“, кое го удрил во бетонски столб во близина на куќата на на семејството Савиќ.
Како што дознаваме, еден час после полноќ во автомобилот „рено лагуна“ прт млади личности се враќале од град – 4 момчиња и една девојка, која во оваа несреќа не е повредена. Во дел од секундата, на така наречената голема кривина на Кушичан, возачот ја изгубил контролата над автомобилот, се слушнал страшен звук. „Реното“ прво удрило во оградата а потоа се одбило на педесет метри понатаму, за на крај да се удри во бетонска бандера.
„Се слушна силен удар, а набрзо после тоа и застрашувачки звук од сирени. Настана гужва, хаос а потоа се слушаше и офкање. Знаев дека е некоја несреќа. Ве молам не ме прашувајте ништо повеќе, ова е страшно. Што се нема да им се случи на Савиќ“- кажува нивниот сосед.
На местото на несреќата веднаш пристигна Брза помош, но докторите не успеале да му помогнат на момчето, чиј живот се згасна на неполни 20 години. Истрагата ќе ги потврди причините за несреќата, а засега неофицијално се претпоставува дека оваа трагедија е последица на неприлагодената брзина.
Во селото Кушичан никој не верува дека семејството се соочува со толкава болка и тага, за кои сите соседи без исклучок, кажуваат дека се „чесни и добри луѓе“ кои макотрпно стекнале се што имаат во животот.Иваница повторно е завиена во црно. Во населбата Кушичан се слушаа само плачење и врескање од дворот на семејството Са