Милорад Мандиќ Манда ненадејно почина на сцената за време на изведувањето на детската претстава „Петар Пан“, а син му Марко низ солзи раскажува дека популарниот актер имал два стента, но дека не внимавал на себе.Неговото семејство се уште не може да поверува што се случило, а неговиот син Марко вели дека му е многу тешко што не успеал да го натера татко му да оди на преглед.
-Знаев дека имаше стентови и дека мора да се лекува, но едноставно не можев против неговите одлуки. Татко ми беше тврдоглав, не сакаше да оди на лекар. Го убедував, но не сакаше. Сите му велевме дека мора да се пази и да оди на прегледи, но беше убеден дека ништо нема да му се случи, вели за српски Телеграф Марко.
Синот на Манда додава дека не може да се помири со фактот што татко му починал и дека цело семејство е во шок.Неговото семејство се уште не може да поверува што се случило, а неговиот син Марко вели дека му е многу тешко што не успеал да го натера татко му