– Го заклучи домот и тргна кон мене велејќи: „Соблекувај се“. Почна да ми удира шамари и да ме шутира…
Плачев и го молев; „Сине мајка сум ти, што правиш?“ Кога мајка ќе доживее нешто такво од своето дете, нема ништо полошо – вели Аница, мајка на Саша Гаврашиќ (37), кој е уапсен поради силување во Нови Сад.
„Се одреков од родениот син, кој го носев 9 месеци, на кој му подарив живот, кој го хранев…Син ми ме силуваше. Утре да умрам, не смее да ми дојде на погреб, а и да умре, тој за мене повеќе не постои.“
Со овие зборови ја започнува исповедта Аница, мајката на Саша Г. (37), кој неодамна е уапсен за силување на В.Ј. (20) во Нови Сад.
Аница вели дека родениот син во 2005 сексуално ја злоставил во нивната семејна куќа.
– Многу ми е тешко и ми е срам да зборувам за ова. Кога мајка ќе доживее такво нешто од своето дете, нема ништо полошо што може да и се случи – вели со солзи во очите Аница.
Велики петок во мај 2005 година никогаш нема да ја заборави.
Додека ги фарбала јајцата за Велигден, од својот син доживеала нешто најлошо што може да и се случи.
– Бев дома, сопругот ми беше во село, а помладиот син си играше надвор. Саша влезе во куќата, видов дека е пијан. Му реков да оди да отспие. Тој ја заклучи куќата и пргна кон мене велејќи „Соблекувај се“.
Почна да ми удира шамари и да ме шутира… Плачев и го молев; „Сине мајка сум ти, што правиш?“ Кога мајка ќе доживее нешто такво од своето дете, нема ништо полошо – вели несреќната жена.
Како што вели, откако направил што сакал, излегол од куќата и си отишол. Плачела а во тој момент стигнал нејзиниот сопруг. Ѝ било срам да му каже.
Ме виде истепана и ме праша што се случило. Веднаш го пријавивме во полиција и за тоа е осуден на 8 години затвор – вели Аница.
Саша неодамна во Нови Сад силувал и девојка В.Ј. а неговата мајка тврди дека тоа му е петто силување. Прв пат силувал келнерка, која била трудна, втор пат работничка во пекара, а трет пат мајка невенчана жена ја приморал на орален секс.
Четвртата жртва била неговата мајка, додека петтата споменатата девојка од Нови Сад.
Пронајдете не на следниве мрежи: