„Синот ми умре на раце и повторно оживеа“

Борба за живот: Тримесечниот Романо од Дубровник почнал да се гуши. Жана Брковиќ веднаш го однела во болница, каде докторите го вратиле во живот.Неговиот живот застанал на 10 минути, но тримесечниот Романо од Дубровник одлучил да се избори за нова шанса. Благодарение на неговата мајка Жана Брковиќ (24), сега добро закрепнува и сите се согласуваат дека тоа е вистинско чудо.
„На Св. Никола во 16 и 30 часот го надоив и отидов во кујната да направам храна. Слушнав чуден звук, како благо кашлање и веднаш отидов во собата. Тој се гушеше. Почнав да го чукам го грбот, го ставив преку колената, а тој почна да ги превртува очите. Му давав вештачко дишење и повторно ништо, немаше пулс. Го зграбив детето и боса и по пижами истрчав на улица и го застанав првото возило кое наиде“, сведочи мајката.
Во автомобилот имало брачен пар, а сопатничката Грациела веднаш го зела Романо и се обидела да го оживее, истовремено смирувајќи ја жената. Стигнале во болницата, а медицинските сестри го зеле бебето и ги викннале докторите, кои успеале да го оживеат. Имал напади кои му ги стабилизирале со лекарства и повикале хеликоптер да го префрлат во КБЦ Сплит.
„Според степенот на укоченост на зениците бил без кислород десет минути, а мене ми се виде како година“, сведочи оваа самохрана мајка додавајќи дека не знае како успеала да остане прибрана.
„Кога пристигна хеликоптерот, не ми дозволија да одам со нив. Следното утро земав упат за да ожам да бидам на одделението како мајка доилка. На секои десет минути го барав докторот да проверам дали е жив“.

 
Романо бил во инкубатор, приклучен на сите можни апарати, кои му ги одржавале виталните функции.
„Беше во кома за мозокот да не му отече и за да може полесно да закрепне. Застанав покрај инкубаторот и му шепкав, а тој почна да се мрда. Потоа докторите му ја појачаа дозата за да не се разбуди три дена. Ми рекоа да бидам подготвена за последици, но како што се чини се е во ред. Се смее, фаќа играчки, нормално реагира и комуницира. Тој е мојот мал херој“, вели Жана, која е во болница со него повеќе од две недели.

Малку се плаши како ќе биде кога ќе остане дома сама со него.
„Ќе најдам начин да ги совладам сите свои стравови. Сите анализи се супер, и докторите се изненадени. Не чека уште магнетна резонанца и дома би требало да бидеме околу Нова година. Секако, не чекаат редовни контроли. Но најлошото го поминавме, преживеа благодарение на на докторите“, вели мајката и им се заблагодарува на сите кои ѝ помогнале.Неговиот живот застанал на 10 минути, но тримесечниот Романо од Дубровник одлучил да се избори за нова шанса. Благодарение на неговата мајка Жана Б

Пронајдете не на следниве мрежи: