Најстариот син на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Михајло, тврди дека татко му е жив, дека го има сменето личниот опис и дека живее на Кипар, додека Цеца кон него се однесува како кон роб.„Цеца го издржува Аркан и го третира како куче. Сакам Србија да ја знае вистината. Имам свои луѓе на Аја Напа кои се ми пренесуваат, а потоа и јас со свои очи се уверив дека е жив. Знам дека Цеца на гостите кои ќе дојдат кај неа на Кипар им го претставува како вујко, а моите пријатели често го гледаат во дворот на вилата. Таа го држи Жељко во шака и го уценува. Тој веќе нема моќ, а таа тоа го користи. Како најстар син го повикувам татко ми да се врати во Србија, бидејќи подобро му е робија во затвор, отколку да и биде роб на Цеца “, изјави Михајло за српски весник.
Tој тврди дека Аркан лично го има запрено неговиот полубрат Војин кој претходните месеци многу ја напаѓаше Цеца.
„Во времето кога Војин јавно ја напаѓаше Цеца, таа често одеше на Кипар да се посоветува со Аркан како да го симне од грб. Војин набргу престана со нападите и вети дека тоа нема да го прави повеќе“ вели Михајло.„Цеца го издржува Аркан и го третира како куче. Сакам Србија да ја знае вистината. Имам свои луѓе на Аја Напа кои се ми пренесуваат, а потоа