Синот на Црвенковски под дејство на алкохол и енергенси ја предизвика тепачката во Штип

По одржувањето на митингот на коалицијата „Сојуз на иднината“ во Штип, двајца се потешко повредени во тепачка во дискотеката „Мистик“.
Отчевидци тврдат дека тепачката се случила во три часот наутро, а во неа учествувале синови на познат политичар и на штипски бизнисмен.
Според Буре весник и еден од новинарите кој работи за овој локален весник, најверојатно оној кој ја предизвикал тепачката бил синот на лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски.
СВР Штип не сакаат официјално да ги потврдат имињата на учесниците во тепачката, иако според Буре весник СВР Штип сепак морал да издаде соопштение за учество на Љ.Ц и М.Н во тепачка под дејство на алкохол и енергенси во дискотеката „Мистик“ во Штип, по митингот на опозицијата.
Засега од непознати причини двајцата почнале  да ги провоцираат присутните гости, но бидејќи тие не одговориле на нивните недолични дофрлувања, во еден момент синот на бизнисменот со стаклен предмет замавнал кон еден од гостите нанесувајќи му расекотина на лицето.
Во инцидентот физички бил нападнат уште еден гостин на кој му се нанесени повреди на лицето. Во случајот интервенирала полицијата. Насилниците биле повикани на разговор.
По одржувањето на митингот на коалицијата „Сојуз на иднината“ во Штип, двајца се потешко повредени во тепа

Пронајдете не на следниве мрежи: