Најмладиот син на покојниот Осама бин Ладен – основачот на терористичката мрежа Ал Каеда, ги повика Саудијците да го соборат режимот во Саудиска Арабија и да ја ослободат земјата од влијанието на САД, јави „Гардијан“, повикувајќи се на аудио-запис, објавен од СИТЕ – американскиот центар за набљудување на џихадистички сајтови.Во порака, која не содржи датум, Хамза бин Ладен ги повикува младите Саудијци и „оние кои се способни да се борат”, да се придружат на „Ал Каеда на Арапскиот полуостров” – со седиште во Јемен, за да се здобијат со потребното борбено искуство.
Хамза бин Ладен (23) е син на Осама бин Ладен, кој беше убиен од страна на американски командоси во мај 2011 година во Пакистан. По неговото убиство, на чело на терористичката мрежа застана Ајман ал Завахири.
Осама бин Ладен – човекот кој ги осмисли терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД, беше лишен од саудиско државјанство во 1994 година поради неговата поддршка за исламистички групи и фатви (религиозни пресуди) против режимот во Ријад и против САД.
Хамза се верува дека бил омилениот син на поранешниот лидер на Ал Каеда, кој Осама бин Ладен сакал да го направи свој наследник на чело на џихадистичката група, што се дознава од декласифицираните документи, запленети при нападот на американските командоси во Пакистан во 2011 година Меѓу нив имало и писмо на Хамза до неговиот татко, во кое тој изразува желба да се вклучат во џихадот.Во порака, која не содржи датум, Хамза бин Ладен ги повикува младите Саудијци и „оние