Синот на Сара Џесика Паркер има алергија: Лекот што му го спаси животот поскапе за 260 долари. Еве што порачала актерката!

Сара Џесика Паркер, попозната како Кери Бредшо од серијата „Секс и град“, до скоро беше заштитно лице на еден бренд.Имено, станува збор за лек против алергија кој многумина спаси од смрт, но компанијата направи потег кој на актерката нималку не ѝ се допадна.
Цената на лекот скокна од 37 на неверојатни 297 долари, поради што Сара Џесика Паркер одлучила да ја прекине соработката.
„Тажна сум и разочарана од вашата постапка. Не го поддржувам тоа што го направивте и затоа заминувам. Искрено се надевам дека ќе ги слушнете молбите на оние чии животи зависат од овој лек и дека ќе ја намалите цената за да го направите достапен за сите на коишто им е неопходен“ – напишала во соопштение кое го објавила на Инстаграм.
Актерката потпишала договор со компанијата во мај годинава.
„Овој ангажман го доживеав многу лично бидејќи мојот син има алергија на кикирики, која е опасна по живот“ – додала таа.

 
A photo posted by SJP (@sarahjessicaparker) on Aug 25, 2016 at 4:02am PDT

Имено, станува збор за лек против алергија кој многумина спаси од смрт, но компанијата направи потег кој на актерката нималку не ѝ се допадна.

Пронајдете не на следниве мрежи: