Синот на Тома Здравковиќ си ја отвори душата: „Побегнав кога ми кажаа дека тато умрел!“

Наследникот на Тома Здравковиќ, вели дека засекогаш ќе го памети денот кога чичко му во училиште му соопштил дека неговиот татко повеќе го нема…Александар Здравковиќ, синот на легендарниот пејач Тома Здравковиќ, вели дека засекогаш ќе го памети денот кога му било соопштено дека татко му починал. Тој вели дека дошол од Торонто во Белград за да присуствува на спектакуларниот концерт во чест на Тома, кој ќе се одржи на 28 септември. Само за два дена ќе се обележат 25 години од смртта на неговиот татко.

„Кога имав 13 години, утрото тргнав во училиште, а децата ми приаѓаа и ми велеа дека им е жал за татко ми. Кога влегов во училницата, таму беше мојот чичко Новица. Ме изведе надвор, ме прегрна и ми рече: „Тато си замина.““, вели тој.

 
„Бев во голем шок. На мама ѝ дадоа лекови за смирување, не можеше да зборува. Јас побегнав од дома. Отидов да спијам кај другар. Не можев да издражам толкава тага.
Тој беше најдобриот татко и сопруг на светот!“, додава Александар. 

 Александар Здравковиќ, синот на легендарниот пејач Тома Здравковиќ, вели дека засекогаш ќе го памети денот кога му било соопштено дека татко му поч

Пронајдете не на следниве мрежи: