Сириец по 36 часа од гранатирање се разбудил под урнатини. Кога дошол дома, присуствувал на сопствениот погреб!

Еден маж, за кој се мислело дека загинал при гранатирање во сирискиот град Дума, недалеку од Дамаск, се разбудил под урнатините и се вратил дома каде што присуствувал на сопствениот погреб.Мохамед Рајхан во неделата се наоѓал на пазар, кога владините војници го бомбардирале местото со топови. Во нападот, како во бомбашкиот, така и воздушниот, вкупно загинаа 117 луѓе, вклучувајќи 16 деца и 7 жени.
Семејството на Рајхан се помири со најлошото сценарио откако Мохамед не се вратил дома од пазарувањето. Но, во вторникот наутро, околу 36 часа по бомбардирањето, Рајхан се разбудил, успеал да се извлече од урнатините и се упатил дома. Прашината сѐ уште ја покривала неговата коса и брада.
Пристигнал дома во моментот кога се одржувал неговиот погреб.

И додека оваа приказна звучи неверојатно, сириското Здружение за човекови права со седиште во Лондон, тврди дека ова не е ваков прв случај во Сирија.
„Многу луѓе исчезнуваат, се губат под урнатините, па дури подоцна ќе се појават“ – изјавил Рами Абдурахман за Индепендент и додал дека тоа често се случува децата.
„Слушнав за случај кога тригодишно дете било пронајдено затрупано под урнатините. И тоа откако неговото семејство веќе ја имаше оплакано неговата смрт“ – додал тој.Мохамед Рајхан во неделата се наоѓал на пазар, кога владините војници го бомбардирале местото со топови. Во нападот, како во бомбашкиот, така и воз

Пронајдете не на следниве мрежи: