Се сеќавате ли на Абдул Халим ал Атар, бегалецот од Сирија кој продаваше пенкала на улиците во Бејрут за да ги прехрани своите деца?За него светот дозна кога исландскиот активист Гисур Симонарсон сподели фотографии од Абдул на Твитер. Епа, неговата приказна покажува дека сѐ е возможно и дека сите заслужуваат втора шанса.
Откако осамнаа фотографиите со Абдул, кој во едната рака ја држи ќерка си, а во другата држи пенкала, благодарение на добротворната кампања која беше покрената, успеа да собере 186.282 фунти!
Тоа му овозможило да отвори три локали и да вработи неколку азиланти кои, како и тој, бараат само подобар живот.
Овој 33-годишен татко на две деца прво отворил пекарница, а потоа ќебапчилница и на крајот мал ресторан.
Исто така, 16.530 фунти им дал на пријателите и семејството во Сирија, пишува британски Метро.
„Не само што се промени на подобро мојот живот, туку и животите на моите деца и на сите луѓе во Сирија на кои им помогнав“ – вели Абдул.
Покрај тоа, тој успеал со децата да се пресели во малку поголем стан од еднособниот стан во кој живееле претходно.
Сепак, тој е разделен од својата сопруга која се вратила во Сирија. Инаку, Абдул дошол од палестинскиот бегалски камп во Дамаск, каде што работел во фабрика. Иако е од Сирија, тој нема државјанство од таа земја.
Тој и уште неколку негови колеги имале среќа да најдат работа во Либан. Таму има околу 1.2 милиони регистрирани Сиријци кои избегале од пеколот на војната.За него светот дозна кога исландскиот активист Гисур Симонарсон сподели фотографии од Абдул на Твитер. Епа, неговата приказна покажува дека сѐ е во