Сириската опозиција зазема нуклеарна постројка

Сириските бунтовници заземале комплекс во близина на Еуфрат во кој , како што се претпоставува, се наоѓа нуклеарен реактор кој израелските авиони го уништиле пред шест години, соопштија во неделата извори од опозицијата.Комплексот ал-Кубар, кој се наоѓа 60 километри западно од градо Диер ал-Зор, беше во центарот на вниманието на светската јавност во 2007 година, која беше ракетиран од страна на израелското воено воздухопловство. САД тогаш објавија дека станува збор за нуклеарен реактор кој Сирија го изградила со помош на северконорејските научници со цел да се создаде нуклеарно оружје.Портпаролот на ткн Здружен штаб на Слободната сириска армија (FSA) Омар Аби Лаила, изјавил за Reuters дека бунтовниците во споменатата област пронашле само хангари со најмалку една ракета „скад“ (scud).„Изгледа дека местото било претворено во лансирна база за ‘скадови’“,рекол Лаила.Сириската армија која целосно го разурнала местото по израелскиот воздушен напад пред шест години, тврди дека комплексот бил воена база, но не ѝ дозволуваше на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) пристап, откако Агенцијата објави дека комплексот би можел да биде нуклеарна постројка.Инспекторите на Обедините нации го прегледаа споменатиот комплекс во 2008 година, меѓутоа сириските власти од тогаш забрануваат пристап до оваа постројка.
МакфаксСириските бунтовници заземале комплекс во близина на Еуфрат во кој , како што се претпоставува, се наоѓа нуклеарен реа

Пронајдете не на следниве мрежи: