СИРИСКИ БЕГАЛЕЦ ИМ ПОРАЧА НА СОНАРОДНИЦИТЕ: „Не доаѓајте во Шведска!“

Махмуд Битар е бегалец од Сирија. Како и многу други од тоа подрачје и тој сакал да избега од воената зона и сиромаштијата во Сирија. По три години успеал во тоа.Свесен дека голем број Сиријци ги ризикуваат своите животи за да дојдат до Шведска, одлучил да ја искористи моќта на социјалните мрежи и да им покаже дека во Шведска не е сѐ онака како што мислат.
„Добивате голема куќа, автомобил, работа и многу пари. Тоа е тоа што Сиријците мислат дека ги чека во Шведска“ – рекол Махмуд.
Едно од неговите видеа го прикажува неговото шегување на сметка на нивните нереални очекувања – дека секој сириски азилант во Шведска го чека оставрување на соништата.
Овој Сириец го документирал своето тригодишно бегство од Сирија во Шведска. Прво од Сирија заминал во Турција, па во Египет и назад во Турција. На крајот дошол до Грција. Таму бил една година и по 21-от обид успеал да дојде во Шведска.
„Луѓето претеруваат и убедени се дека во Шведска сè е фантастично, па кога доаѓаат се разочарани. Поради тоа сакам да им покажам дека не е сè така розово“ –  вели Махмуд.
Тој е благодарен што Шведска му ја отворила вратата нема на многу други азиланти, но вели дека сè уште сонува да се врати во својата Сирија.
Свесен дека голем број Сиријци ги ризикуваат своите животи за да дојдат до Шведска, одлучил да ја искористи моќта на социјалните мрежи и да им пока

Пронајдете не на следниве мрежи: