Професорот Басам Тиби во интервју дадено неделава, тврди дека масовните сексуални напади во Келн се резултат на „системот на вредности на мигрантите“ – гневни се затоа што не ги пречекал луксузниот живот што го очекувале, па се одмаздуваат понижувајќи ги Германците.Тиби, инаку исламолог, утврдил дека арапските емигранти во германските жени гледаат „ку*ви“ и плен, нешто како дивеч, па предупреди дека земјата наскоро ќе биде сведок на „големи социјални конфилкти“, како резултат на политиката на отворени врати на канцеларката Ангела Меркел и ЕУ.
Тој масовните напади врз Германките ги припишува на системот на вредности на Арапите и нивните очекувања дека кога ќе пристигнат во Германија ќе живеат во изобилство и луксуз. Професорот, германски државјанин роден во Сирија, вели дека Арапите доаѓаат „очекувајќи раскошни станови, русокоси жени и државна благосостојба“ (односно социјална помош, да не мораат за сето тоа и да работат).
Политичкиот научник тврди дека даночните обврзници во Германија им обезбедуваат на емигрантите далеку повисок стандард од социјалната помош од оној кој би можеле да го имаат во земјите од каде што доаѓаат дури и со добри плати за тамошните услови, но предупреди дека гостопримливоста на Германците ја сметаат за „недоволно“. Укажувајќи дека двособните станови во Каиро се луксуз, тој кажа дека запознал 16-годишни емигранти, од кои секој има на располагање двособен стан само за себе, на трошок на германските даночни обврзници. Но, тие се незадоволни бидејќи се надевале дека ќе добијат и – автомобили. Бесплатно, нормално. Тие би биле задоволни и од каков било обичен мерцедес, но не би ги навредило ако добијат порше.
„Сетете се на благодарните Сиријци од славните селфиња со Ангела Меркел. Еден од нив, неодамна, пред неколку недели, на ТВ изјави дека е многу разочаран од неа. Тој сака добра работа, сигурни приходи и стан. Ќе имаме големи социјални конфликти“, предупредува професорот.
На прашањето како може да биде сигурен во тоа, Тиби одговара дека не е само фактот дека државата не може да ги задоволи нивните високи и сосема нереални очекувања, туку и дека „емигрантите имаат систем на вредности сосема неповрзан со модерниот свет“. Тој им открива на Германците дека Арапите веруваат дека тие се чесни луѓе, а Германците се нечесни и валкани, и дека им дозволуваат на жените да „спијат со кого било“. Што во очите на Арапите ги прави безвредни и нечесни луѓе.
Тој тврди дека емигрантите знаат дека нивното однесување е криминално, но исто така веруваат дека „германските жени се ку*ви“ и имаат чувство дека нема да мора да се соочат со казна ако сексуално ги малтретираат. Повеќето од нив не виделе жена која не е целосно замотана, освен поблиските членки на семејството, па разголените жени на Западот им испраќаат порака дека им се на располагање за секс на сите.
Одликуваниот академик тврди и дека полицијата е немоќна против арапските банди бидејќи нивниот страв „дека ќе бидат обвинети за расизам е поголем од стравот од распаѓање на јавниот ред и мир“. Според него, ова доведува до тоа емигрантите германската полиција да ја гледаат како слаба и немоќна. Професорот Тиби тврди и дека сексуалните напади врз Германките се начин на одмазда на Арапите бидејќи не добиле убави станови и скапи автомобили, како што очекувале.
„Силувањето на жените е оружје во војната во Сирија. Сите завојувани страни го прават тоа. Емигрантите кои доаѓаат тука од таа култура не се сите жртви. Ако таквите луѓе не го добијат тоа што го очекувале, тие се лутат. Од културата од која доаѓам јас, кога некој ќе ве налути, вие се трудите да го понижите.
„На истокот, кога сакате да го понижите мажот, ја силувате неговата жена. Моето мислење е дека зад понижувањето на жените на тие млади муслимани во Келн всушност се крие желбата да ги понижат германските мажи. Жените се само инструмент преку кој тоа го прават“, вели Тиби.
Басам Тиби е професор по меѓународни односи. До пензионирањето во 2009 предавал на универзитетот во Гетинген, Германија и редовно држел предавања на угледниот Корнел во САД и други врвни универзитети. Тој е основоположник на исламологијата како социјална наука која го проучува исламот и конфликтот во пост-биполарната политика. Автор е на 41 книга како „Шеријатска држава: Арапската пролет и демократизацијата“, „Исламизмот и исламот“, „Предизвикот на фундаментализмот: Политичкиот ислам и новиот светски неред“.Тиби, инаку исламолог, утврдил дека арапските емигранти во германските жени гледаат „ку*ви“ и плен, нешто како дивеч, па предупреди дек