Сирискиот претседател сепак употребил хемиско оружје?

Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад најверојатно употребил хемиско оружје за време на нападот на 21-ви август во близина на Дамаск, заклучуваат министрите за одбрана на земјите на ЕУ. Според нив постојат многу докази кои покажуваат дека Асад употребил хемиско оружје.
„Постојат многу докази дека режимските сили го употребиле ова оружје“, изјави литванскиот министер за одбрана Јуозас Олекас на средбата со своите колеги од Унијата во Вилнус.
Тој истакна дека и покрај тоа што неговите колеги „ја осудиле употребата на хемиско оружје во Сирија и веруваат дека тие што го направиле тоа мораат да одговараат“, постојат „различни мислења“ за одговорот на овие напади.
„Сепак никој не рече дека ќе ја осуди воената акција доколку таа биде спроведена“, додаде Олекас.Според нив постојат многу докази кои покажуваат дека Асад употребил хемиско оружје.
„Постојат многу докази дека режимските сили го уп

Пронајдете не на следниве мрежи: