Сиромашни албанки војуваат на страната на исламската држава: Еве кои девојки најчесто се мета на исламистите

„Околу 20 жени биле или и понатаму се вклучени во борбите во Сирија. Стари се во просек од 24 години. Нивната економска состојба главно е тешка. За жал имаат само основно образование“, вели Шатроли.На дебатата на Косовскиот центар за безбедносни студии на темата „Улогата на жените во спречување на насилен екстремизам“, одржна во Вучитрн, косовските органи соопштиле дека околу 20 жени од Косово учествувале во борбите во Сирија и Ирак на страната на милитантната група „Исламска држава“ и дека надлежните органи секојдневно работат на спречување на заминување на Албанците на страна на боиштата.
Фљорим Шаторли од Одделението за спречување насилен екстремизам во Полицијата во Косово, вели дека жените кои заминале во Сирија и Ирак се третираат како жртви, бидејќи се смета дека тие под притисок се согласиле да се придружат во таа група.
„Околу  20 жени биле или и понатаму се вклучени во борбите во Сирија. Стари се во просек од 24 години. Нивната економска состојба главно е тешка. За жал имаат само основно образование“, вели Шатроли.
Тој додал дека Полицијата на Косово евидентирала неколку случаи кои се однесуваат на заедничкото заминување на мажите и жените на боиште.
„Ги вложуваме сите напори за да ги спречиме овие активности. Се трудиме да ги вратиме личностите кои  заминале под притисок, така што биле злоупотребувани и лошо информирани околу верата“, вели Шаторли.
Тој побарал од одборот  на Исламската заедница на цело Косово поготово на младата генерација  да ѝ ги објасни правилата на религијата.

 
„Исламската заедница и ние како општество имаме обврска да ѝ  го објасниме на секоја млада личност, секој човек учеството во ваквите борби. Треба да им се објасни што точно подразбира религијата, а што „џихадот““.
Претседателот на одборот на Исламската заедница во Вучитрн, Шемси Рахми, истакнал дека во џамиите на Косово немало случаеви во кои некој повикува на учество во војните и нагласил дека улогата на жените  во спречување на насилниот екстремизам треба да биде суштинска.

„Не постои имам  кој рекол: Одете во Сирија, или проповедал за тоа. Доколку сметате дека постојат такви, јавете ни кои се тие. Дколку за еден имам постои сомневање за такво нешто, тоа не значи дека е виновен се додека судот не го одлучи тоа“, рекол Рахми.
Афердита Микуловци, заменик директо а регионалната Косовска полиција во јужна Митровица, рекла дека полицијата се бори  против овие појави но дека недостасува  поддршка од останатите институции.
Според официјалните податоци,  околу 300 лица од Косово биле влкучени во војната во Сирија или Ирак. На дебатата на Косовскиот центар за безбедносни студии на темата „Улогата на жените во спречување на насилен екстремизам“, одржна во Ву

Пронајдете не на следниве мрежи: