Сиромаштијата ги натера да си го продадаваат родното село на интернет

Огласот важи само за сериозни купувачи…Преку оглас објавен на интернет се продава бугарското село Черно Поле, кое се наоѓа во близина на границата со Србија. Засега се уште не е објавена цената туку е оставена за договор.
Како што пишуваат бугарските медиум, извесен Иван Смарданов кој се јавува како продавач објаснил дека огласот важи само за сериозни купувачи и дека за цената ќе разговара откако заинтересираниот ќе го разгледа селото. Селото е многу убаво и многу големо. Составено е од три населби и има огромно земјиште…”, напишал Смарданов во понудата во која биле објавени неколку фотографии од селото, но не и детали за сопственоста, имотот, правните услови и причините за продажба на селото.
Огласот за продажба засега предизвикал голем интерес на интернет и за само еден ден бил прочитан 5.000 пати, пишуваат бугарските медиум.Преку оглас објавен на интернет се продава бугарското село Черно Поле, кое се наоѓа во близина на границата со Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи: