Сиромаштијата на луѓето е „порок“ на нивниот мозок

Промената на еден само ген доведува до недостаток на благосостојба во животот и семејството, недостаток на пари и депресија!Американските научници спроведоа голема студија за да разјаснат како влијаат парите врз работата на мозокот на човекот и што се случува со него ако парите не стигнуваат. 
Резултатите ги доведоа биолозите до потресно откритие – сиромаштијата е поврзана со нарушување во работата на мозокот на човекот. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Molecular Psychiatry.
Биолозите проучувале 132 момчиња и девојки на возраст помеѓу 11-15 години од семејства со различни приходи, од најниските до највисоките во САД. Утврдено е дека кај децата кои израснале во сиромашни семејства се менува активноста на генот SLC6A4, кој е многу важен за работата на одреден дел од човечкиот мозок.
Нарушувањата во оваа зона се поврзуваат со појавата на депресија. Токму оваа дијагноза е отворена кај сите деца коишто пораснале во сиромашни семејства.
Според научниците, нашиот мозок реагира на закана, бидејќи работата на наведениот ген го контролира нивото на серотонин, кој пак води до депресивни состојби. Повеќе серотонин – повеќе депресија и соодветна сиромаштија, сметаат научниците.Американските научници спроведоа голема студија за да разјаснат како влијаат парите врз работата на мозокот на човекот и што се случува со него ако

Пронајдете не на следниве мрежи: