Сите благодети на смоквата: Лечи срцеви болести, карцином, дијабетес…

Без разлика дали е свежа или сува, смоквата е богата со бројни здрави состојки како што се антиоксидансите и витамините. Сочаната и слатка смоква е едно од првите овошја во кое уживале дверните предци.Освен на Медитеранот, смоквата денес се одгледува и во многу други држави.
Најраспространет и најпопуларен вид е обичната смоква.
Здравствени благодети
Покрај ниската калоричност (само 74 калории на 100г), смоквата содржи растворливи прехрамбени влакна, минерали и витамини.
Свежите смокви се ценети поради изобилството на антиоксиданси како што е каротенот, лутеинот и хлорогенската киселина.
Покрај тоа, свежата смоква содржи висока количина на антиоксидантски витамини како што се А, Е и К.
Антиоксидансите не штитат од слободни радикали чие разорно делување може да доведе до предвремено стареење, деменција, срцеви болести и карциноми.
Смоквите, како и и други намирници богати со влакна, помагаат во слабеење и одржавање на саканата тежина.
Суви смокви – концентрирана суперхрана
Сувите смокви се висококонцентриран извор на минерали, витамини и антиоксиданси.
Имаат повеќе калории од свежите – 249 калории на 100г.
И свежи и суви смоквите содржат значајна количина на витамини од групата Б, како што се ниацинот, пиридоксинот, пантотен и фолна киселина.
Сувите смокви се исто така извор на калциум, цинк, калиум, селен железо и бакар.
Железото и бакарот се потребни за создавање црвени крвни зрнца, додека калиумот е важен составен дел на телесните течности и помага у регулирање на крвниот притисок.
И листот е лековит
Листот од смоква одамна е познат по своите лековити своиства – лечи бронхитис, цироза, висок притисок, кожни проблеми и слично.Освен на Медитеранот, смоквата денес се одгледува и во многу други држави.
Најраспространет и најпопуларен вид е обичната смоква.

Пронајдете не на следниве мрежи: