Сите ги имаме, но овие делови од телото не ни се потребни!

Постојат делови од телото, кои некогаш одамна имале функција, но денес се бескорисни. Бидејќи не му штетат на телото, сепак природата се решила да ги остави.Од настанокот на нашите предци, до денес поминале милион години. За тоа време некои делови од нашите тела станале бескорисни, иако некогаш биле во функција. Имаме пет такви дела, кои не ни служат ама баш за ништо:
1. Опавче или тртна коска
Луѓето немаат потреба од опашки, бидејќи совршено добро оддржуваат рамнотежа на нозете. Меѓутоа, повеќето цицачи ќе имаат опашка во неој момент од својот живот. Измеѓу првата недела и пет до осум недели по зачнувањето, човечкиот ембрион изгледа како да му се развива опашка.
2. Машки брадавици
Мажите и жените се развиваат во мајчината утроба на ист начин во првите 60 дена. По тоа, кај оние со хромозомот Y, се појавува тестостерон, кој ќе поттикне развој на машки полов орган, наместо женски. Но, до тој момент веќе брадавиците ќе бидат оформени.

3. Умници
Човечката вилица со текот на времето се смалувала. Резултат на тоа е проблемот со умниците кои најчесто немаат доволно простор за правилен раст. Освен тоа, веќе немаме потреба да џвакаме тврда храна, сирово месо и зеленчук.
4. Трет капак
На смиот агол на окото, до носот, се наоѓа мала тенка кожа, која всушност не треба таму да стои. Тоа се вика  – плика семилунарис или трет капак. Тоа го имаат птиците и влекачите.
5. Делови од увото
Група на мускули кои ги движат ушите кај луѓето, е непотребна. Освен можеби за забава на оние кои можат тоа да го изведат, бидејќи не можат сите. Имено, во животинскиот свет, овие мускули ги движат ушите за да можат животните да слушаат звуци од различни насоки. А тие кај луѓето нема никаква врска, ниту пак помагаат да слушаат подобро.
 Од настанокот на нашите предци, до денес поминале милион години. За тоа време некои делови од нашите тела станале бескорисни, иако некогаш биле во

Пронајдете не на следниве мрежи: